Лудница на мечот Зенит – Урал

Зенит ја продолжи доминацијата во руското првенство, откако со неверојатни 7:1 го победи Урал во меч од 22. коло. Уште пред да почне дуелот, домаќините беа големи фаворити, но ретко кој очекуваше вакво гол-шоу.

Уште во првите 30 минути домаќините дадоа четири гола и најавија убедлив триумф. Четири погодоци имаше и во вториот дел, но еден беше и во мрежата на домаќините. За Зенит ова беше седма победа на свој терен и уште нема пораздодека Урал го претрпе најтешкиот пораз сезонава.

Со овие три бода, Зенит стигна до 50 бода од 22 меча и сега има девет повеќе од Краснодар кој има 41 бодови од 21 меч. Краснодар утре на пладне ќе гостува кај Сочи.

 

- Оглас -

Најнови вести