Лудо е на “Олимпико“: Интер со пресврт води на полувремето против Фиорентина (Видео)

Луд натпревар играат Фиорентина и Интер на “Олимпико“ во Рим во финалето од Купот на Италија. “Виолетовите“ од Фиренца први дојдоа во водство уште во третата минута, откако Нико Гонзалес ја искористи грешката на потесната одбрана на Интер и стрелаше за водство.

Во продолжение од првото полувреме следуваше вистинско Лаутаро-шоу на теренот. Аргентинецот до крајот на првиот дел успеа двапати да го пронајде патот до мрежата на Фиорентина и да направи комплетен пресврт со головите во 29-тата и 36-тата минута за водство на Интер од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести