„Лудо“ во мини каталонското дерби: Два црвени картони и на крај гол од пенал за победа

Фудбалерите на Жирона победи на свој терен против Еспањол во мини дербито на двете каталонски екипи. Во првото полувреме немаше многу шанси, па затоа немаше ни погодоци.

Второто полувреме беше сосема поинакво и изобилуваше со возбудувања. Жирона поведе со 1:0 преку Арнау Мартинез со гол постигнат во 53 минута. Во 71 минута беше доделен првиот црвен картон, но на играч кој беше на клупата за резерви, па на теренот силите останаа исти.

Некогашниот напаѓач на Барселона, Мартин Брајтвајт погоди во 74 минута за Еспањол и израмни на 1:1. Во 84 минута, црвен картон заработи гостинскиот дефанзивец Серхи Гомез, а Жирона за кратко време успеа да ја искористи оваа бројчана предност и со погодокот на Стуани од пенал во 88 минута донесе победа на домашниот тим.

Со овој триумф, Жирона стигна до 34 бодови и е на 10 место на табелата, додека Еспањол остана на 27 бодови и е во опасност по завршиување на ова коло да падне во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести