Луиџи има само шест години и го скрои најубавиот дизајн на дресови за Пескара

Луиџи ди Агостино има само шест години и победи на изборот за најдобар дизајн на дресовите што италијанскиот второлигаш ќе ги носи идната сезона.

Пескара имаше оригинална идеја децата да одлучуваат со своите дела за дизајнот на дресовите за сезоната 2020/21, а победи дете што допрва треба да оди на училиште.

Дизајнот му е многу симпатичен со делфин како игра со фудбал, а нормално неизбежно беше и Јадранското Море. Сè заедно, сосема доволно за победнички концепт што идната сезона на своите дресови ќе ги носат момците од Адријатико, играчите на Пескара.

Луиџи веднаш беше поканет од спонзорот на Пескара „Ереа“ да присуствува при изработката на дресовите во нивната фабрика во Парма.

Пескара игра во Серија Б и до прекинот на првенството беше на 14птата позиција. Клубот има долга традиција на настапи и во Првата лига, а е формиран во 1936 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести