Луис Енрике упати една посебна порака и покажа што значи респект

Луис Енрике доби отказ од селекторското место во репрезентацијата на Шпанија, откако беа елиминирани во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Црвената Фурија загуби на пенали од Мароко, а Енрике доби отказ. На негово место е назначен Луис де ла Фуенте, а Енрике упати една посебна порака, прва откако беше сменет.

„Се почна пред четири години. Колку брзо поминува времето. Можам да бидам само благодарен на оние кои имаа доверба во мене во овој период. Благодарам на сите вработени во Федерацијата, а жал ми е што не можев повеќе да помогнам. Им благодарам и на сите оние кои постојано работеа за да обезбедат да имаме одлични услови за работа. Посебна благодарност го сите навивачи кои ни даваа поддршка и во најтешките моменти. Сепак, сега е дојдено време за разделба, но сакам да побарам една молба. На тимот сега му е потребна поддршка, за да може Де ла Фуенте да ги оствари целите кои ги зацртал. Напред Шпанија. Засекогаш. Ви благодарам“, рече Енрике во пораката дадена по неговата смена.

Шпанија сега треба да започне да се подготвува за квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Црвената фурија е во група со Шкотска, Норвешка, Кипар и Грузија.

- Оглас -

Најнови вести