Луис Суарес е злато за Атлетико Мадрид

Луис Суарес се покажува како вистинско засилување за Атлетико Мадрид. Играчот кој не го сакаа во Барселона, сега блеска во дресот на Јорганџиите. На гостувањето кај Селта во Виго, Суарес го постигна погодокот со кој најави дека гостите ќе се радуваат на крајот.

За уругвајскиот голгетер ова беше јубилеен 150-ти погодок во шпанското првенство, во одиграни 195 натпревари. Во последниве 20 години, единствено Кристијано Роналдо има стигнато до бројката од 150 погодоци во помалку одиграни средби од Суарес.

Во 95 минута, Атлетико со погодокот на Караско само ја потврди победата на Јорганџиите кои сега имаат две победи и две нерешени во првите четири средби.

- Оглас -

Најнови вести