Лук де Јонг: Ние уживаме, се надевам Интер и Шахтар ќе се помачат 120 минути и повеќе

Лук де Јонг е човек за одлуки и повторно даде победнички гол, овојпат за Севилја во полуфиналето во Лигата на Европа против Манчестер јунајтед за триумф од 2:1.

Холанѓанецот беше присебен во 78-мата минута и лесно погоди за пат на својот тим во финалето, шесто рекордно во Лигата на Европа.

„Сега уживаме и заслуживме да се радуваме. Ќе одмориме малку, а се надевам дека Интер и Шахтар ќе играат 120 минути и повеќе за пласман во финалето. Нашиот пробив до нов меч за пехарот во Лигата на Европа само покажа колку сме квалитетни и какво срце имаат играчите на Севилја.

Имаме исклучително добра прилика да освоиме нов пехар, по добриот настап во Ла Лига, каде што веќе обезбедивме настап во Лигата на шампионите. Малку славевме, сега ќе се одмориме, па потоа следува атак на подобрување на рекордот во Лигата на Европа“, истакна Де Јонг.

Севилја никогаш не загубила меч во финале на Лигата на Европа и во пет настапи има пет победи, со рекорден број пехари во ова натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести