Луда прогноза: Халанд може сезоната да ја заврши со 102 гола!

Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер сити, продолжува да ги руши голгетерските рекорди во Премиер лигата. Откако пристигна меѓу Граѓаните, досега одигра 11 меча во сите натпреварувања, а постигна 17 погодоци.

Пресметките кои ги направија во Англија покажуваат дека ако Халанд продолжи во исто темпо, до крајот на сезоната може да постигне 95 гола, а ако игра на секој меч по 90 минути, бројот на головите може да стигне и до 102 погодока до крајот на сезоната.

Халанд е и најдобар стрелец ако се гледаат првите 100 одиграни меча во најсилните лиги во Европа. Норвежанецот во оваа конкуренција во првите 100 средби има дадено 103 погодоци, а зад него е легендарниот Ромарио со 90 голови во првите 100 дуели.

- Оглас -

Најнови вести