Мадрид слави – Реал и Атлетико се во нокаут-фазата, Интер и Шахтар одиграа за да испаднат од ЛШ (Видео)

Реал Мадрид рутински ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:0 и заедно со германскиот тим обезбеди пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, по ремито без голови во Милано меѓу Интер и Шахтар.

Понтаму оди и Атлетико Мадрид, откако славеше со 2:0 против Салцбург во директен дуел за второто место во групата А, каде што неприкосновен беше актуелниот европски првак Баерн Минхен.

Најинтересно во последните мечеви во фазата по групи вечерва беше во Мадрид и во Милано. Реал со двата гола на Бензема во првото полувреме ја победи Борусија и го освои првото место во групата Б.

Францускиот ас погоди во деветтата и во 32-рата минута, и тоа двапати со удар со глава и прослави убав јубилеј, 50 погодоци во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Интер и Шахтар одиграа реми без голови, единствен исход што не им одговараше на двете екипи за пласман понатаму, па епилогот е: Украинците продолжуваат во Лигата на Европа, а Нераѕурите доживеаја комплетен дебакл и како последни во групата испаднаа од еврокуповите.

Резултати: Реал – Борусија М. 2:0, Интер – Шахтар 0:0, Салцбург – Атлетико Мадрид 0:2, Баерн – Локомотив М. 2:0, Манчестер сити – Марсеј 3:0, Олимпијакос – Порто 0:2.

Во нокаут-фазата ќе играат Баерн, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Борусија М., Манчестер сити, Порто, Ливерпул, Аталанта, Челзи, Севилја, Јувентус, Барселона, Борусија Д., Лацио, ПСЖ и Лајпциг.

 

- Оглас -

Најнови вести