Маестрален гол на играчот кој води во трката за Златна копачка на Европа (Видео)

Чиро Имобиле е фудбалерот кој го предводи Лацио кон Скудетото во Серија А. Тој е играчот кој има феноменална сезона. Досега во 21 меч во првенството даде 25 погодоци. Такво нешто низ историјата на Серија А му успеало само уште на некогашниот напаѓач на Интер, Рома и Милан, Валентин Анџелино, и тоа во далечната 1959 година.

Сега 61 година подоцна, Имобиле има 25 гола во првенството, што е речиси половина од сите погодоци на Небесносините во првенството (52 гола). Со овој биланс Имобиле не само што е прв стрелец во Италија туку е и водечки фудбалер во Европа во трката за Златна копачка, пред Роберт Левандовски од Баерн Минхен и Тимо Вернер од Лајпциг.

Имобиле има дадено вкупно 123 гола во Серија А, повеќе од кој било активен играч што е дел од Калчото. Од многуте атрактивни погодоци, посебно ќе биде запамтен вториот негов гол на денешниот меч против СПАЛ. Имобиле беше во контранапад, излезе пред голманот, реши и него да го дрибла, но излезе надвор од шеснаесетникот и на атрактивен начин успеа да погоди.

Голот на Имобиле може да го видите на 1:15 минута од видео извештајот за дуелот против СПАЛ.

- Оглас -

Најнови вести