Мајами го чека големото трио, повеќе од една година не играле на ист турнир

Ако не се случи нешто непредвидено, Мастерс турнирот во Мајами ќе ги спои трите тениски легенди на исто место по пауза поголема од една година. На листата на турнирот на Флорида пријавени се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Треба да се појават и останатите ѕвезди, како Медведев, Тим, Циципас, Зверев, што најавува спектакл.

Последен пат трите најтрофејни играчи во историјата според бројот на гренслем-титули, на ист турнир се појавија лани, на Отвореното првенство на Австралија. Мастерсот во Мајами ќе почне на 22 март, а финалето е на 4 април. Лани овој турнир не се одржа поради пандемијата, а во 2019 победи Федерер. По триумфот на Отвореното првенство на Австралијан, Ѓоковиќ најави дека ќе одмори и веројатно нема да игра до стартот на Мастерсот во Мајами, турнир на кој има освоено шест титули.

Организаторите најавија дека на трибините ќе има ограничен број публика.

- Оглас -

Најнови вести