Мајами и Филаделфија ќе играат по вторпат за 48 часа, дали Жешките повторно ќе изненадат

Вечерва во арените во САД ќе се одиграат девет натпревари во НБА-лигата и сите имаат по 161 комбинација. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

Дербито на вечерта ќе се одигра во Флорида во „Мајами Дејд арената“, каде што Жешките ја пречекуваат Филаделфија сиксерс. Овие два ќе играат по вторпат за 48 часа, првата средба се играше во Филаделфија и Жешките изненадија со триумфот од 101:99.

Мајами со победата ја прекина серијата од четири порази по ред, додека Филаделфија го доживеа вториот пораз по ред. Сиксерси и покрај поразот од пред две вечери, повторно ја имаат фаворитската улога.

Второпласираниот тим во Источната конференција, Бостон селтикс, кој има скор 44 победи и 18 порази, го пречекува четвртиот тим на Истокот, Кливленд кавалирс (39-25).

Според квотите, „сигурица“ треба да бидат Милвоки бакс, кој игра против Орландо меџик и Њујорк никс, кој игра против Бруклин нетс.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 49-мина играчи кои ноќеска треба да се појават на паркетот се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести