Мајорка е подалеку до опстанок отколку Барселона до титула

Атлетико Мадрид со 3-0 ја совлада Мајорка, со што мадридските Јорганџии потврдија дека се во добра форма, додека тимот од островот потврди дека ја има најслабата одбрана во шпанската лига и направи чекор кон испаѓање во втора лига. Мајорка има пет бода помалку и еден меч повеќе од Селта, па на Александар Трајковски и другарите ќе им треба чудо за да се спасат.

Трајковски вечерва против еден од најдобрите тимови во Шпанија и Европа беше стартер и играше 57 минути. Мајорка е тим со најмнгу примени голови и против нив се досудени најмногу пенали (15) сезонава.

Алваро Мората ги даде првите два гола, едниот од повторен пенал, па остана без хет-трик во кариерата во шпанската лига, иако пет пати давал по два гола. Коке стави точка и Атлетико се зацврсти на третата позиција.

- Оглас -

Најнови вести