Мајорка се изедначи со Барселона во еден негативен рекорд во Шпанија

Севилја ја надигра Мајорка со 2-0 и практично си осигури место во Лигата на шампионите, додека Мајорка останува во опасната зона и ќе има проблем да избори опстанок.

Мајорка е тим против кој се досудени 16 пенали сезонава и тоа е делба на неславен рекорд, исто толку се досудија и против Барселона во 1989/90.

Лукас Окампос беше реализатор на пеналот за Севилја и Аргентинецот сега има пет гола и една асистенција на последните седум меча на „Рамон Санчес Писхуан“. При вториот гол, кој го даде Ел Несири во финишот на средбата, асистент беше голманот на Севилја, Јасин Буну. Ова е четврта асистенција сезонава за еден голман во шпанската лига.

Александар Трајковски влезе во 72-рата минута и имаше една шанса, но не можеше да спречи пораз на неговата Мајорка, па сега остануваат две кола во кои ќе се обидат да се спасат од враќање во Сегунда. Мајорка игра дома со Гранада и на гости со Осасуна.

 

- Оглас -

Најнови вести