Втората екипа на Висла плоцк во холивудски стил со ГТА-игра се пофали со нов договор за капитенот (Видео)

Втората екипа на Висла плоцк има вистински мајстори за маркетинг и повторно блесна со необичен начин на презентација за новиот едногодишен договор со капитенот Пјотр Томашик.

Тој ја продолжи соработката со Висла Плоцк 2 до јуни 2023 година, а видеото со кое му го честитаа новиот договор во клубот е во холивудски стил, со добропознатите ГТА игри.

Вториот тим на полскиот клуб и претходно имаше слични презентации на договори со своите фудбалери, што е изненадување бидејќи се работи за резервниот фудбалски погон на познатиот полски прволигаш.

 

- Оглас -

Најнови вести