Мајсторија на Барди: Погоди од слободен удар во стилот на Роналдињо (Видео)

Енис Барди постигна одличен гол од слободен удар, со кој му донесе водство на Трабзонспор од 3:0 во дуелот против Монако.

Македонскиот репрезентативец многу итро и прецизно го изведе слободниот удар откако шутираше под „живиот ѕид“, како тоа што некогаш го правеше легендарниот Роналдињо.

Освен што успеа да ги надитри играчите во „живиот ѕид“, ударот на Барди беше толку прецизен, што заврши во стативата, па во голот, па голманот на гостите немаше никаква шанса да одбрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести