Мајсторскиот гол на Бењат недоволен за Билбао (Видео)

Најпопуларниот и најголем баскиски фудбалски клуб, Атлетик Билбао, сезонава во шпанската Примера дивизија се мачи против соседите од областа Баскија, и има само една победа, против Еибар од 1-0. Денеска Билбао на свој терен одигра 1-1 против Алавес, клуб од Виторија, градот кој е попознат по кошаркарскиот евролигашки клуб Басконија.

Атлетик поведе во 41 минута со гол на Бењат од слободен удар. Со 11 гола од слободен удар во мечеви од шпанската лига, Бењат е најдобриот Шпоанец во оваа статистичка категорија од 2000 година наваму. Зад него, со по девет гола се Парехо и Јесте. После овој еврогол, сезонава во Шпанија само на два стадиони не паднал гол од слободен удар, тоа се местата на кои како домаќини играат Реал Мадрид и Уеска.

Погледнете го голот на Бењат, кој на Атлетик му ги донесе првиот нерешен резултат од 8 март наваму:

 

https://www.youtube.com/watch?v=ijADFMdqKHA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести