Македонија чека историја од истото место – Останавме 68-ми на ранг-листата на ФИФА пред мечот со Косово

Македонија остана на 68-мото место ранг-листата на ФИФА, што е иста позиција како и на претходното рангирање, а се надеваме дека следната листа на светската куќа на фудбалот во април ќе ја дочекаме како учесници на ЕП 2020.

Ќе играме со Косово во Скопје на 26 март во полуфиналето во Сегментот Д од Лигата на нациите и ако победиме, ќе патуваме на финале во Грузија или Белорусија, во зависност од тоа која од овие две селекции ќе го добие полуфиналниот меч.

Финалето е закажано за 31 март, а следната листа на ФИФА е на деветти април, што значи дека веќе ќе се знае дали Македонија за првпат во фудбалската историја ќе игра на големо натпреварување.

Нашиот следен ривал Косово е на 115-тата позиција, а според позицијата на ФИФА-ранкингот, Македонија би била фаворит и против 87-морангираната Белорусија и против Грузија, која е на 91-во место, без разлика што во евентуалното финале ќе бидеме гости.

Во Топ-10 нема промени, Белгија сè уште е лидер, а потоа следуваат: Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

- Оглас -

Најнови вести