Македонија фаворит за победа на гости, цел е со перфектни шест победи да ја заврши групата

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево гостува кај Луксембург во меч од последното шесто коло во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.

Нашата репрезентација со максимални 10 бодови е сигурна на првото место, додека Луксембург се надева дека ќе ја сочува втората позиција, на која уште атакуваат Азербејџан и Република Ирска.

Според играчкиот кадар, формата во која се наоѓаат нашите репрезентативци, за очекување е лесен триумф на Македонија. Пред три дена, Луксембург дома загуби од Азербејџан и го доведе во опасност останувањето на второто место.

Пред пет месеци, Македонија во Скопје го победи Луксембург со 79:70, а сите во нашиот табор кои заминаа да бидат дел од денешното гостување се полни со оптимизам за перфектен крај на преквалификациите.

- Оглас -

Најнови вести