Македонија – Косово нема да се игра на 26 март?! Официјалната одлука во вторник

Коронавирусот кој се појави и во Европа, стана закана за голем број на спортски настани, па така, постои реална можност Извршниот одбор на УЕФА на кризен состанок во вторник во Амстердам, да ги одложи полуфиналните натпревари од Лигата на нациите кои се закажани за 26 март. Ако се случи тоа, дуелот на Македонија со Косово нема да се игра во терминот кој беше предвиден и за кој веќе се продаваат билети.

„УЕФА е во постојан контакт со владите на сите држави во кои има регистрирани случаи на коронавирусот. Ќе одржиме разговори со претседателите на фудбалските федерации и после тоа ќе ја донесеме конечната одлука. Здравјето е приоритет“ – велат од УЕФА.

Ако не се игра на крајот на март, баражите би требало да се играат во мај, бидејќи веќе во јуни треба да почне Европското првенство на кое ќе заминат четири победници од разигрувањето во Лигата на нации. Останува во игра и опцијата мечевите сепак да се играат во март, но без публика.

Мечевите кои ја чекаат судбината дали ќе се играат на 26 март се: БиХ – Северна Ирска, Исланд – Романија, Бугарија – Унгарија, Словачка – Република Ирска, Шкотска – Израел, Норвешка – Србија, Грузија – Белорусија и средбата на македонскиот национален тим против Косово.

- Оглас -

Најнови вести