Македонија може да е среќна по одлуката на ИХФ „вајлд-картите“ за СП 2027 да ги додели на Турција и на Саудиска Арабија

Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска реши двете покани (вајлд-карти) за настап на Светското првенство во 2027 година да им ги даде на Турција и на Саудиска Арабија.

Со поканите што ги добија Турција и Саудиска Арабија се комплетира составот од 32 селекици кои ќе се појават на планетарниот ракометен совет. Оваа одлука на ИХФ е изненадувачка, ако се знае дека во конкуренција беа и ракометните докажани сили Унгарија, Швајцарија, Австрија, Холандија и Црна Гора.

Сепак, фактот дека во Германија која ќе биде домаќин на СП 2027 живеат 10-тици милиони Турци и фактот дека Саудиска Арабија е финансиски силна и сака да го развие ракометот, беа меѓу клучните фактори токму овие две земји да добијат покани за учесто на Мундијалот.

Оваа одлука на ИХФ носи ќар за Македонија, која ќе биде во вториот барабан на утрешната ждрепка. Реално, Турција и Саудиска Арабија се селекции против кои Македонија може многу полесно да стигне до победа од оние како Унгарија, Австрија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора кои извисија и ќе останат без СП.

Еве ги четирите барабани по силина за утрешната ждрепка за СП 2027 во ракомет

Барабан 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина
Барабан 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија
Барабан 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зелен ’Рт, Чиле, Соединетите Американски Држави
Барабан 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија

- Оглас -

Најнови вести