Македонија ќе напредува на листата на ФИФА, но остануваме во четвртиот шешир

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има напредок само за едно место на најновото рангирање на ФИФА кое ќе се објави на 22 октомври. Ова значи дека нашиот национален тим по ремијата со Естонија и Грузија, испушти прилика да се искачи уште погоре на листата и можеби за првпат во својата историја да се најде во третиот шешир во ждрепката за квалификациите за Светското првенство.

Според пресметките, македонската репрезентација на најновото рангирање ќе биде 65-та, со 1.365 поени. Едно место зад нас ќе биде Бугарија, која е 60-та на септемвриското рангирање. За да влеземе во третиот шешир при ждрепката за квалификациите за ЕП, ќе треба да бидеме пред Грција, која ќе биде 54-та на новата листа со 1.408 поени. Грците, но и Босанците може да бидат симнати од третиот во четвртиот шешир само од Финска, која ќе има 1.402 поени.

И натаму прва останува Белгија, а во Топ 10 се уште: Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Уругвај, Аргентина, Хрватска и Колумбија.

Ждрепката за квалификациите за СП 2022 ќе се изврши на 29 ноември и како што стојат работите, Македонија своите ривали ќе ги чека од четвртата квалитативна група, што значи многу потежок пат до Мундијалот отколку ако бевме трети носители.

- Оглас -

Најнови вести