Македонија само едно полувреме парираше на силната Норвешка

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз од Б селекцијата на Норвешка. Нашите најдобри ракометарки овојпат во „Борис Трајковски“ загубија убедливо со 27:37.

Во првото полувреме нашите ракометарки дадоа солиден отпор на фаворизираниот противник па на полувреме беше 14:16. Разликата од два гола беше се до 21:19, кога Норвежанките со серија од 5:1 стигнаа до 26:20 и потоа само ја зголемуваа предноста, која на крајот беше двоцифрена.

 

- Оглас -

Најнови вести