Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во подготовките пред продолжението на претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029, откако во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје славеше над Бугарија со 91-87. Ова е своевиден реванш за поразот од пред четири дена во Самоков со 97-68.
Најдобар поединец на средбата беше новиот Американец во нашите редови, ДиВејн Стјуард, кој успеа да уфрли 26 поени. Двоцифрен ефект имаа и Стојан Ѓуроски (15) и Виктор Ефремовски (12).
Македонија следниот четврток на домашен терен ја пречекува Ирска, а три дена подоцна ќе гостува кај Луксембург.

