Македонија со фантастичен гол во 95-тата минута се спаси од пораз против Израел (Видео)

Младата фудбалска репрезентација на Македонија со гол во 95-тата минута се спаси од пораз во дуелот против Израел и одигра 1:1, во меч на две селекции кои се борат за второто место во групата од квалификациите за пласман на Европско првенство. Со овој освоен бод, македонските надежи ја задржаа втората позиција и сега имаат 14 бодови, додека Израел е трет со 12 бодови. Убедлив лидер во групата е Шпанија со 19 бодови.

Македонија У21 може да биде среќна што не загуби на теренот на комплексот „Петар Милошевски“ крај ФФМ. Гостите беа мноогу подобри во текот на целиот меч, а поведоа со голот на Елијас во 21-вата минута.

https://streamable.com/528i0l

Израелците создадоа уште неколку добри шанси за погодок, а најголемата ја имаа во 56-тата минута, кога имаа пенал. Алмог шутираше, но голманот Јанков одлично одбрани. Јанков имаше уште неколку квалитетни одбрани во вториот дел, па во судиското надополнување, Израел остана на минималната предност од 1:0.

https://streamable.com/9gmcpd

Во 94-тата минута беше досуден слободен удар за Македонија, а Јани Атанасов со фантастичен удар погоди и донесе голема радост и бод за Македонија. Веднаш по погодокот на Атанасов, судијата означи и крај на средбата.

https://streamable.com/lijouw

До крајот на квалификациите, Македонија на 12 ноември ќе гостува во Израел против денешниот ривал, а потоа во последното коло на домашен терен ќе играме против Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести