Нас не нѐ есапат – Спортист на Европа е Луис Хамилтон

Луис Хамилтон е избран за најдобар спортист на Европа во традиционалниот избор што го прават националните агенции на Стариот Континент.

Македонската агенција МИА ја нема меѓу 25-те национални агенции кои го одбраа Британецот за спортист број 1 во 2019 година. Хамилтон доби 151 поен, пред Рафаел Надал со 140. Третото место е за австрискиот скијач Марсел Хиршер, кој доби 76 поени.

Во Топ 10 следуваат: Новак Ѓоковиќ, холандската атлетичарка Сифан Хасан, потоа Вирџил ван Дајк, кој е единствен фудбалер меѓу најдобрите десет, па атлетичарот Карстен Вархолм, шампионот во Мото ГП Марк Маркес, Јанис Адетокумбо и бијатлонецот од Норвешка Јоханес Тигнес.

 

- Оглас -

Најнови вести