Македонска офанзива за експресно да падне Гибралтар

Македонија е на прагот на полуфинале во Сегментот Д од Лигата на нациите, а тоа ќе значи само уште два чекори до пласман на Европското првенство во 2020 година, што би бил историски успех.

Денеска и утре завршуваат натпреварите по групи во премиерното издание на Лигата на нациите, последното коло ќе разреши многу дилеми, па затоа ќе се обидеме да ви помогнеме со пет предлог-типови и анализи од мечевите во ова натпреварување да дојдете до добивка во обложувалниците на Sport Life.

 

Македонија – Гибралтар (20.45 часот) 

Гибралтар изненади со две победи во нашата група, а токму на оваа репрезентација треба да ѝ се заблагодариме што речиси сигурно ќе бидеме први во нашата група. Нашите денешни гости одбраа вистински момент за историска победа, во Ереван против Ерменија, што ни овозможи да бидеме први пред главниот конкурент.

Гибралтар го победивме на гостински терен со 2-0 со голови во првото полувреме, па нема причина да не видиме реприза и вечерва во Скопје. Македонија нема да калкулира, мора да игра офанзивно и што побрзо да постигне голови за да си го симне товарот и да го избегне притисокот.

Имаме одлични офанзивци, па реална варијанта е да водиме убедливо уште на полувремето. Потоа можеме со уште некој гол да го прославиме првото место во нашата група и да го очекуваме јунското полуфинале, во нокаут-меч, кој би се играл во Скопје ако вечерва го победиме Гибралтар.

Македонија е многу поквалитетна селекција и прогнозираме дека ќе победи убедливо, против апсолутниот аутсајдер, што одигра симпатично во првиот циклус од Лигата на нациите.

Предлог тип: Т12+I&1+II (2.50) Квота на денот

 

Бугарија – Словенија (20.45 часот) 

Словенците доживеаја дебакл и веќе се испаднати од Дивизијата Ц, а Бугарија води мртва трка со Норвешка за првото место во групата. Тука има многу интересна ситуација, бидејќи пред стартот на натпреварите од последното коло вечерва Норвешка и Бугарија имаат еднаков број бодови, по 9, и се израмнети и според вториот фактор – меѓусебните дуели. И двете селекции забележаа идентични победи на свој терен меѓусебе, со по 1-0, па на ред се головите. Тие ќе одлучуваат на крајот, ако Бугарија ја победи Словенија, а Норвешка на гостински терен го надигра Кипар. Бугарите имаат гол-разлика 6:4, Норвешка моментно е нешто подобра со гол-разлика од 5:2, па во најава е трка по што повеќе голови на двата меча.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20) Квота на денот

 

Кипар – Норвешка (20.45 часот)

Норвежаните ќе играат во Никозија, но ќе потслушнуваат што се случува и во Софија на „Васил Левски“ и како ѝ оди на Бугарија со Словенија.

Трката меѓу двете селекции ќе биде интересна, се калкулираат само победи и голови за промоција во Дивизијата Б и за полуфинале.

Норвешка има предност, но ќе биде гостин на Кипар, селекција која нема посебни мотиви за победа, освен за престиж. Кипраните не може да испаднат, дури и Словенија да победи во Софија, бидејќи имаат подобар меѓусебен биланс од нив.

Вечерва, сепак, многу работи ќе зависат од гостите, им треба победа, и тоа што поубедлива. Кипар е релаксиран и може да одигра без посебен притисок, па на повидок е меч со многу голови во Никозија.

Предлог тип: 2&3+ (2.75)

 

Германија – Холандија (20.45 часот)

Мечевите меѓу соседите и големи фудбалски ривали се вистински класици, имаше незаборавни дуели меѓу Германија и Холандија, а овојпат ќе биде малку и чудно. Германците доживеаја вистинско фијаско во премиерното издание на Лигата на наците и веќе испаднаа од Дивизијата А.

Вечерва „елфот“ ќе игра само за престиж, да го одбрани реномето на 4-кратен светски првак, а Холандија има посебни мотиви. Популарните „лалиња“ се обидуваат да се вратат во врвот на светскиот фудбал, каде што им е и местото, па вечерва треба да го направат следниот чекор кон камбекот.

Ќе ѝ гостуваат на Германија, а играат за бод, или три, две опции кои им го носат првото место во конкуренција на актуелниот светски првак Франција и 4-кратниот Германија. Тоа би бил вистински успех на младата и многу талентирана генерација предводена од Роналд Куман со бисерите Бергвајн, Де Лихт, Де Јонг…. во составот.

Но и Германија си има свои сметки, реномето е разнишано со лошите игри на Мундијалот во Русија и шокантната елиминација во раната фаза, сега испаднаа од Сегментот А во Лигата на нациите, што е премногу за една од најуспешните фудбалски нации. И, секако, како Германци секогаш играат на победа, без калкулации, па веројатно и вечерва ќе играат во свој стил, офанзивно на три бода.

Холанѓаните сè уште го паметат поразот во нивното прво мундијалско финале во 1974 година од тогашна Западна Германија. Сега е време да се победи големиот ривал и во голем стил да се освои првото место во веројатно најтешката група во Лигата на нациите.

Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.75) Квота на денот

 

Данска – Република Ирска (20.45 часот)

Данците вечерва ќе ја слават промоцијата во Сегментот А и во Орхус ќе има специјална атмосфера за поддршка на избраниците на Аге Харејде.

Данска е сигурно прва и победник во четвртата група од Сегментот Б, но важно е да се победи со што поголема разлика и да се биде пред останатите победници во групите, за расплет во полуфиналето.

Ирците се во сосема спротивно расположение, веќе испаднаа во понизок ранг, а за да биде уште полошо, истата судбина ја доживеа и Северна Ирска, па во следното издание на Лигата на нациите и двете селекции ќе играат во Дивизијата Ц.

Вечерва искусниот стратег Мартин О`Нил веројатно ќе нареди офанзива против одличните Данци. Мечот има ревијален карактер и може да биде проткаен со доста голови.

Предлог тип: 3+ (2.38)

 

 

- Оглас -

Најнови вести