Македонската публика и жирито имаа различен вкус, познати се сите детали од гласањето за Евровизија

Тие што се обложија на малиот коефициент за победа на Украина, се добитни, Украинците благодарение на телефонското гласање победија на синоќешниот Евросонг во Торино.

Украина доби поени и од Македонија, но само од публиката, а не и од жирито. Нашата публика даде 12-ка за Србија, 10-ка за Шпанија, 8 поени за Украина, следуваа Молдавија и Италија, додека жирито додели 12 поени за Шпанија, 10 за Србија, а осум поени доби Обединетото Кралство.

Македонската публика и жирито имаа различно мислење и во македонскиот избор за која песна да оди во Торино. Интересно е што победниците од Украина дома не ни победиле на изборот, туку биле втори, но од политички причини, победничката на тамошниот избор не ја претставуваше Украина.

Ако ве интересира колку поени додели Македонија на изборот за песна на Евровизија, може да видите на сликата под текстот: лево се поените од телевоутингот, десно од жирито:

- Оглас -

Најнови вести