Македонски голман ќе им брани на Грците да му дадат гол

Клубот Алмопос, кој во минатата сезона го осови деветтото место во втората грчка лига, го ангажира 22-годишниот македонски голман Стефан Јакимовски.

Јакимовски, кој е висок 193 сантиметри, во минатата сезона го бранеше голот на велешки Борец, а во својата кариера настапувал за екипите на Кадино, Локомотива, Њу старс, Еуромилк, а бил член и на младинските екипи на Академија Пандев и Вардар.

- Оглас -

Најнови вести