Македонскиот крал на фудбалот во Тајланд ќе ја продолжи забавата како тренер

Поранешниот македонски репрезентативец Марио Ѓуровски ја заврши фудбалската кариера и веќе е именуван за тренер на клубот со кого во Тајланд ја освои и титулата како играч.

Муангтонг јунајтед објави дека се договорил со својот поранешен ас да биде нов кромилар, откако самиот Ѓуровски имаше објавено дека ја заврши играчката кариера.

За Македонија одигра 12 натпревари и постигна два гола, а во Тајланд го нарекуваа Крал на фудбалот поради блескавите игри и голови, но и со забавниот стил на кој ги прославуваше успесите.

Во 2012 година Марио беше шампион со Муангтонг јунајтед и сега ќе се обиде и како тренер да ја донесе шампионската круна.

Тој е син на нашата фудбалска легенда, Милко Ѓуровски, а во фудбалската кариера настапуваше и за Црвена ѕвезда, Војводина, Металург Донецк, Бангкок јунајтед и Бангкок глас, заедно секако со Муангтонг јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести