Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер во новата сезона ќе го носи дресот на грчкиот тим Панатинаикос, тврди експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо. Растодер денеска ги поминал лекарските прегледи за комплетирање на трансферот од Тун во гигантот од Атина.
Голгетерот имаше одлична ланска сезона, кога во дресот на швајцарски Тун испиша историја. Екипата која влезе од втора лига, уште во првата сезона направи чудо и ја освои титулата, а токму Растодер беше еден од најзаслужните со головите кои ги постигнуваше.
Сега останува Панатинаикос официјално на своите социјални мрежи да потврдат дека македонскиот репрезентативец ќе биде нивни нов играч.

