Македонската машка кошаркарска сениорска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 со максимален учинок, потврдивме дека според квалитетот сме далеку над ова ниво.
Црвено-жолтите без пораз го заверија пласманот во втората рунда од претквалификациите, која започнува на 27-ми август.
Откако ќе завршат првата фаза претквалификации за ЕП 2029 и првата рунда европски квалификации за Светското првенство, ќе знаеме кои ќе ни бидат можни ривали во следата фаза. Но, од 12-те тима кои ќе разигруваат во втората фаза, познати се шест. Тоа се Македонија, Словачка, Белгија, Кипар, Данска и Швајцарија. Во ова друштво може да се најдат и тимови од типот на Бугарија, Норвешка, Австрија, Велика Британија, Романија, Португалија, Шведска.
Ако бидеме комплетни, тоа не се тимови кои не можеме да ги победиме и да влеземе во главните квалификации за Евробаскетот кој ќе се игра по три години во Грција, Естонија, Шпанија и Словенија.
Ако не успееме во втората фаза, ќе имаме и трета шанса во третата фаза следното лето, што ќе значи дополнителен број на одиграни мечеви во кои нема да имаме право на грешка.

