Македонските ракометари ја прегазија Грција на стартот на Медитеранските игри

Македонија ја надигра и убедливо ја совлада Грција со 39-21 во меч од првото коло на ракометниот турнир на Медитеранските игри во Алжир.

Неизвесност имаше само до првата половина на првото полувреме. Откако Грците изедначија на 10-10, следуваше низа на избраниците на Кирил Лазаров од 10-3 за убедлива предност на полувремето.

Во првите минути од второто полувреме, разликата стана двоцифрена, растеше постојано и така остана до крајот. Македонија е во група уште со Шпанија, Алжир и Турција. Првите две од групата одат во полуфинале и битка за медал.

- Оглас -

Најнови вести