Македонско девојче се разигра – Декласиран Узбекистан за пласман во главната фаза на СП

Македонските ракометарки на возраст до 18 години и вечерва одиграа одличен меч во Скопје на Светското првенство за кадетки и славеа убедлива победа од 39:30 против Узбекистан.

По предноста од 18:16 за Узбекистан на 10 минути до крајот на првото полувреме, избраничките на селекторот Љубомир Савевски се разиграа и направија комплетен пресврт за втора победа што и гарантира настап во главната фаза на Мундијалот на Македонија.

По првото полувреме водевме со 20:19, а потоа разликата постојано растеше до конечни плус 9 за Македонија.

Претходно во првото коло го победивме Сенегал со 32:13 па сега во битката за првото место во Б групата ќе играме со Иран, задутре од 20.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести