Македонија со две убедливи победи над Словачка и вкупни 69-47 успеа да дојде до пласман на ракометното Светско првенство во Германија, во јануари следната година. Салата „Борис Трајковски“ беше распродадена за мечот против Словаците, а фантастичната игра на македонските ракометари беше поздравена од речиси 7.000 гледачи.
Нема сомнеж дека македонското сонце силно ќе грее и сред зима во Германија за нашите ракометари.









