Макрон бара фудбалот да се прекине во цела Европа

Француското фудбалско првенство е првото и засега единствено од Топ 5 лигите во Европа кое прогласи прекин и нема да се доигра. Француските власти донесоа одлука дека не само фудбалот, туку дека до септември нема да смее да се организираат никакви спортски настани.

Според пишувањата на весникот „Ла Паризиен“, претседателот на Франција, Емануел Макрон, се надева дека фудбалот ќе биде прекинат и во останатите големи првенства, како што се тие во Англија, Италија, Германија и Шпанија.

Министерката за спорт во Франција, Роксана Марасинјану, веќе поднела иницијатива за разговори со своите колеги од останатите земји и побара да не биде дозволено да се продолжи со фудбалските првенства. Роксана веќе имала дискусии со колегите од Италија и Германија, а треба да разговара и со колегите од Шпанија.

Во Италија беше најавено дека од 4 мај ќе може да се започне со индивидуални тренинзи на спортистите, но министерот за спорт, Винченцо Спадафора, вчера најави дека сепак може да се случи првенството во Серија А да не продолжи како што првично беше најавено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести