Макрон ги навреди муслиманите, Погба веќе нема да игра за Франција?!

Пол Погба, фудбалерот на Манчестер јунајтед, иако има 27 години, одлучил веќе да не го носи дресот на репрезентацијата на Франција, објавија многу англиски медиуми повикувајќи се на арапски извори. Погба оваа одлука ја донел по зборовите на претседателот Емануел Макрон, кој рече дека исламот е во голема криза и дека единството и цврстината се единствени одговори на монструозноста на исламскиот тероризам.

Повод за изјавата беше отсекувањето на главата на учителот кој објавуваше навредливи слики од пророкот Мухамед.

Овие зборови на Макрон ги навредиле милионите муслимани во Франција, меѓу нив и Погба, кој за Галските петли игра од 2013 година, а преклани стана светски првак. Ѕвездата на Манчестер е религиозен тип, а дали навистина се откажал од играње за Франција, ќе се види на ноемвриските мечеви од Лигата на нациите.

Засега нема коментар од Погба, ниту од француската фудбалска федерација, а и француските медиуми не пишуваат премногу во врска со најавата дека тој нема да игра за националниот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести