Макси Лопес купува второлигаш од Англија и носи поранешна ѕвезда на Челзи

Поранешниот премиерлигаш Бирмингам, кој моментално се натпреварува во Чемпионшип, наскоро ќе добие нов сопственик – Макси Лопес.

Некогашниот фудбалер на Барселона, Милан и уште неколку калчолигаши, кој во фудбалот најмногу остана познат по скандалот со Мауро Икарди и неговата ексопруга Ванда Нара, заедно со богатиот фан на клубот Пол Ричардсон инвестираат 1,5 милијарди фунти за да го преземат Бирмингам во наредните недели.

По завршувашето на играчката кариера, Лопес со овој потег покажува дека останува во фудбалот од бисзнис-аспект. Aмбициите му се големи, сака камбек во елитата, а за таа цел ќе му треба барем едно звучно име на „Сент Ендрус парк“.

Лопес е пријател со доста јужноамерикански фудбаери, меѓу кои и  Диего Коста, екснапаѓачот на Челзи и англиски шампион. Искусниот голгетер моментално е член на Атлетико Минеиро, но наводно е подготвен да го напушти родниот Бразил и повторно да заигра на Островот.

- Оглас -

Најнови вести