Малер на вечерта во НБА: Беше непогрешлив, постави личен рекорд, а им донесе победа на противниците (Видео)

Д’Арон Фокс од Сакраменто кингс, беше главна ѕвезда на најинтересниот меч во НБА лигата одигран рано утрово, но наместо јунак, се претвори во трагичар.

Фокс постигна 31 поен, но на 2,4 секунди до крајот, при водство на Шарлот од 124-123, тој утна две слободни фрлања. Пред утките, тој од линијата за слободни имаше 8/8. Сепак, кога беше најпотребно, подлегна на атмосферата од публиката која му пречеше, раката му затрепери, и не му донесе победа на Кингс, туку пораз.

„Направија глупав фаул врз мене и требаше да ги казнам. Бев сигурен дека ќе ги погодам двете фрлања и ќе му донесам победа на тимот. Многу сум разочаран“ – изјави Фокс, кој има 74 отсто реализација на слободни фрлања во кариерата.

За Хјустон рокетс заврши серијата од седум победи по ред. Ракетите беа надиграни од првакот Милвоки бакс, кој беше предводен од Јанис Адетокумбо. Гркот имаше 41 поен и 17 скока. Детроит има 11 порази по ред, Феникс има 20 победи на последните 21 меча, а Лејкерс беше убедлив против Оклахома сити. Немаше проблеми ни за Бруклин против Атланта.

Ова е интересната завршница во Шарлот:

- Оглас -

Најнови вести