Малерозниот производ на Манчестер јунајтед си најде нов клуб

Бројни повреди го спречија Дени Велбек да има кариера каква што му се претпоставуваше по покажаниот потенцијал како младинец на Манчестер јунајтед.

Доби шанса од Сер Алекс Фергусон да заигра на „Театарот од соништата“, меѓутоа поради долгите паузи од терените, не се покажа во добро светло и беше продаден на Арсенал. Исто сценарио преживеа на „Емирати“, па по пет неуспешни години, Велбек лани потпиша за Ватфорд, каде што играше само една сезона.

Сега како слободен играч повторно ќе игра за премиерлигашки клуб, откако Велбек стави потпис на едногодишен договор со Брајтон, а тој може да му се продолжи на две години доколку повредите повторно не му попречат на патот да ја оживее кариерата.

- Оглас -

Најнови вести