Малком + 50 милиони фунти = Вилијан

Барселона одново ќе се обиде да го ангажира Вилијан од редовите на Челзи. Каталонците наводно се подготвени да понудат 50 милиони фунти плус Малком во пакет за да го доведат Бразилецот на „Камп ноу“ во зимскиот преоден рок. Барса и во текот на летото се интересираше за услугите на триесетгодишниот крилен офанзивец на „сините“, но клубот од Лондон тогаш одби 65 милиони фунти.

Вилијан оваа сезона не е на потребното ниво, па со новата понуда од Барса, „сините“ можат многу да профитираат. Ќе се ослободат од играч кој има 30 години и му истекува договорот за 18 месеци, а за возврат ќе добијат супер сума плус млад играч со слични предиспозиции на Вилијан.

Каталонците воедно не се задоволни од Малком, ниту пак тој се изнаигра на „Камп ноу“. За неговите услуги платија 40 милиони евра изминатото лето, кога го купија од Бордо, а Малком настапи само на девет средби во сите натпреварувања постигнувајќи само два гола.

- Оглас -

Најнови вести