Малку фалеше да го постигне голот на кариерата: Халанд шутираше со „ножички“ од преку 20 метри (Видео)

Ерлинг Халанд не постигна гол во дербито против Арсенал, но неговиот Манчестер сити победи и тоа минимално со 1:0, што беше доволно да се пласира во следната фаза од ФА Купот. Аке го постигна единствениот погодок, но сепак Халанд повторно беше во фокусот и тоа најмногу поради потегот со кој се обиде да ја затресе мрежата на противникот.

Во еден напад на Сити, голманот на Арсенал истрча напред, не успеа да ја расчисти опасноста, а Халанд на акробатски начин со „ножички“ шутираше од повеќе од 20 метри. Ударот одеше кон голот на Топчиите, но дефанзивната линија добро ја средеше оваа опасност и спречи сигурен погодок.

https://twitter.com/i/status/1619075404844896256

Потегот на Халанд наликуваше на легендарниот гол што пред неколку години го постигна Златан Ибрахимовиќ во дресот на Шведска во дуел против Англија.

- Оглас -

Најнови вести