Мама миа – Ѓоковиќ ја „црпна“ мајсторски (Видео)

Новак Ѓоковиќ игра во топ-форма на Ролан Гарос, ги победува противниците без загубен сет, а против Карен Хачанов денеска го одигра веројатно и најубавиот поен на турнирот.

Иако личеше дека не може да стигне на мрежата по скратениот удар на Хачанов, Новак успеа да го префрли 198 сантиметри високиот ривал и да поентира на самиот почеток на мечот, што го доби со 3:0 во сетови.

Италијанските коментатори во нивен стил со зборовите „мама миа“ го коментираа мајсторскиот потег на најдоброрангираниот тенисер на светот, кој веќе обезбеди настап во четвртфиналето и го чека победникот од дуелот меѓу Карењо Буста и Алтмаер што е во тек.

 

 

- Оглас -

Најнови вести