Мамиќ знае кој ќе победи ако играат Динамо и Ѕвезда

Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда имаат одиграно дури 106 меча, но последенпат играле пред точно 30 години, односно во мај 1991 година. Од тој меч кога Дарко Панчев даде два гола за Ѕвезда, најтрофејните клубови во Србија и Хрватска не се сретнале на теренот.

Ако Динамо и Ѕвезда ги поминат следните ривали во квалификациите од Лигата на шампионите, тогаш ќе гледаме дерби на некогашните ривали од поранешна СФР Југославија. Само еден од овие две екипи ќе може да влезе во групната фаза од Лигата на шампиони.

Еден од оние кои први се јавија со реакција по ждрепката на УЕФА, беше некогашниот прв човек на Динамо, Здравко Мамиќ. Контроверзниот Мамиќ кој во Хрватска е осуден на затворска казна поради неправилно работење во клубот, сега живее во Босна и Херцеговина, од каде ја даде и својата прогноза за тоа кој би победил, ако играат Динамо и Ѕвезда.

„Еден тим мора да испадне, а тоа ќе биде Ѕвезда. Не можам да кажам дека Динамо е фаворит, затоа што Ѕвезда во последните неколку години бележи импресивни резултати. Нема фаворит, но сигурен сум дека Динамо ќе игра во Лигата на шампиони. Сакав да ја избегнеме Ѕвезда во ждрепката, но спортот е чудо“, рече Мамиќ, кој порача дека доколку дојде до овој двомеч, сите треба да се потрудат да помине во најдобар ред.

 

- Оглас -

Најнови вести