Манчестер јунајтед е подготвен да искешира 50 милиони фунти за младата ѕвезда на Лалињата

Управата на Манчестер јунахтед е подготвена да понуди 50 милиони фунти (58 милиони евра) за холандскиот репрезентативец и член на ПСВ, Коди Гакпо.

Црвените ѓаволи беа заинтересирани за Гакпо уште во летниот преоден рок, но накрајот одлучија да речиси 100 милиони евра да го купат Бразилецот Антони.

Гакпо игра одлично во дресот на Холандија на Светското првенство, постигна три гола и е еден од најзаслужните за пласманот во четвртфиналето каде Лалињата ќе играат против Аргентина.

„Сега мојот фокус е само на репрезентацијата и не сакам да се оптоварувам со ништо друго. И во минатото се зборуваше за трансфер во Манчестер јунајтед, но ништо не се случи. Потоа започнаа шпекулации и за Лидс, но и таму не заминав. Кога ќе пристигне понуда, тогаш ќе размислувам за неа“, изјави Гакпо.

Коди Гакпо додека има 159 настапи за првиот тим на ПСВ и постигна 55 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести