Манчестер јунајтед го купи голманот кој треба да биде новиот Петр Чех

Сите фудбалски клубови во светот се соочуваат со најголемата криза која е предизвикана од пандемијата со Коронавирусот, но и во таква ситуација англискиот гигант Манчестер јунајтед реши да доведе нов голман.

Се работи за талентираниот 16-годишен Радек Витек, кој на „Олд Трафорд“ ќе дојде од тимот на Сигма Оломуц. Бидејќи доаѓа од Чешка, младиот Витек го споредуваат со легендарниот голман Петр Чех, кој повеќе од една деценија блескаше во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед речиси без пари го доби овој Витек затоа што тинејџерот немаше потпишано професионален договор, па на англискиот тим ќе му остане само да плати тренинг-компензација и надомест за развој на талентот на Витек. Голманот е пресреќен што ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед.

„Чувството е неверојатно. Многу деца кога ќе почнат да тренинраат фудбал, сонуваат некогаш трансфер во Манчестер јунајтед“, рече Витек, пред кого се неколку години во кои треба да го истакне својот талент и да се обиде да се избори за место во тимот каде што веќе покрај неприкосновениот Давид де Хеа, има уште шестмина други чувари на мрежата кои тренираат и чекаат шанса да заиграат за Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести