4.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Манчестер јунајтед го повтори антирекордот од пред 34 години

Манчестер јунајтед има очаен старт на сезоната во Премиер лигата. Најтрофејниот англиски клуб загуби на три од првите пет меча и само со шест бода се наоѓа на 13 место на табелата.

Црвените ѓаволи вчера ги разочараа своите навивачи на „Олд Трафорд“, откако загубија од Брајтон со 1:3. Брајтон веќе станува кошмар за Манчестер јунајтед, затоа што овој клуб има четири победи во низа во првенството против гигантот.

Вака лош старт со три порази во првите пет меча, Манчестер јунајтед немал дури 34 години. Во 1989 година кога уште не беше формирана Премиер лигата, тимот од „Олд Трафорд“ имаше загубено три од првите пет кола.

Во шестото коло од домашното првенство, тимот на тренерот Ерик тен Хаг ќе гостува кај Барнли, кој нема ниту еден освоен бод досега, но одигра само три средби.

- Оглас -

Најнови вести