Англискиот гигант Манчестер јунајтед може да се најде во необична ситуација. Црвените ѓаволи може да не играат во Лигата на шампионите дури тоа не го изборат со настапите на фудбалскиот терен.
Манчестер јунајтед сезонава е дел од групната фаза од ЛШ, а моментно се наоѓа на шестото место во Премиер лигата, што значи дека не е на посакувана позиција. Сепак, дури и да биде во Топ 4 на табелата во домашното првенство, Манчестер јунајтед може да не игра во Лигата на шампионите.
Џим Реклиф е бизнисменот кој побара да купи 25 отсто од акциите на англискиот гигант. Важно е да се потенцира дека овој британски бизнисмен го поседува францускиот клуб Ница, кој моментално е на второто место во Лига 1.
Прописите на УЕФА за сопствеништво на повеќе клубови вели дека не постои опција два клуба коишто имаат ист газда, да играат во исто натпреварување. Тоа значи дека ако Ница остане на второто место во Франција, Манчестер јунајтед ќе мора да биде првак на Англија за да игра во ЛШ. Во секој друг случај, ако Ница остане на второто место, џабе ќе му биде на Манчестер јунајтед дури и да биде на позиција која води во елитната лига на УЕФА.
Сепак, има уште многу да се игра во домашните првенства, а и уште не е реализиран договорот за купување на 25 отсто од акциите од страна на британскиот бизнисмен Реклиф.

