13.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Манчестер јунајтед летово плати 50 милиони евра за Онана, а во јануари ќе носи нов голман за 75 милиони евра

Управата на Манчестер јунајтед е подготвена во зимскиот преоден рок да купува нов голман бидејќи не е задоволна од игрите на Андре Онана, кого го донесе пред четири месеци.

Онана на „Олд Трафорд“ пристигна во летниот преоден рок од Интер во трансфер вреден 50 милиони евра, но досега прими 24 гола, што е премногу за голман на Манчестер јунајтед и поради тоа веќе му се бара замена.

Според англиските медиуми, Црвените ѓаволи планираат во јануари да тргнат по потписот со голманот на Порто, Диого Кошта.

Откупната клаузула за Кошта изнесува 75 милиони евра, а бидејќи договорот му важи до 2027 година, за очекување е челниците на Порто да инсистираат да се плати целата сума. Доколку се одлучи да го купи Кошта, Манчестер јунајтед во последните два преодни рока за голмани би потрошил дури 125 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести