Манчестер јунајтед планира нов стадион со 100.000 седишта

Англискиот гигант Манчестер јунајтед ги објави плановите за изградба на нов стадион со капацитет од 100.000 седишта, кој ќе се наоѓа приближно 350 метри северозападно од нивниот сегашен стадион „Олд Трафорд“.

Овој голем проект предвидува создавање цела област со 48.000 работни места, 15.000 нови домови и спортски и забавен кварт со новиот стадион на Црвените ѓаволи во неговиот центар. Комплексот со повеќекратна намена на локација од 150 хектари би можел да генерира 7,3 милијарди фунти годишен приход за Велика Британија.

Според извештаите на медиумите, изградбата на стадионот ќе трае приближно пет години, а цената на проектот ќе надмине 2 милијарди фунти.

Локацијата е лоцирана блиску до Олд Трафорд, што овозможува да се зачуваат традициите и ритуалите на натпреварите кои се важни за навивачите.

- Оглас -

Најнови вести